ВИРТУЕЛНИ ПОС ТЕРМИНАЛИ

Виртуелни ПОС Терминали – Е-трговија (e commerce)
E-трговијата Ви овозможува продавање на Вашите производи/услуги преку интернет. Можност за плаќање со помош на платежни картички од брендот на Mastercard® и Visa®, како и DinersClub картички преку Вашата Интернет продавница.
Сервисот е така развиен, што на правните лица, клиенти на Банката им овозможува на безбеден и сигурен начин безготовинско плаќање, помагајќи им да се вклучат во современите светски текови, искористувајќи ги предностите на глобалниот светски пазар.
Предности од користење на е–commerce услугата:
  • Ниски трошоци за формирање и оддржување на Интернет продажното место во однос на класичното продажно место (не постои продавница во физичка смисла, оптимална количина на залиха, помал број на вработени и сл.);
  • Работење по принципот 24x7 (Интернет продажното место не е ограничено со работно време);
  • Достапност на производите/услугите до потрошувачите во целиот свет;
  • Cross-selling и поголема сегментација на пазарот;
  • Продавачот ќе биде идентификуван од страна на купувачот како лидер во примената на современата технологија.
Критериуми за реализација на e-commerce услугата
  • Клиентот да е правно лице;
  • да има отворено сметка во УНИ Банка;
  • да е корпоративен клиент на УНИ Банка (најмалку една година);
  • да достави Барање за инсталирање на виртуелен пос терминал во УНИ Банка, скенирано на е-маил или преку пошта.
Документација и потребни технички параметри за реализација на е-commerce услугата
За целосна и успешна реализација на услугата, потребно е да се обезбедат определени техничките параметри на web страната и определени документите, кои што следуваат во прилог.

ОПШТИ УСЛОВИ НА УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА
ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВИРТУЕЛЕН ПОС ТЕРМИНАЛ ПРИ ПЛАЌАЊА СО КАРТИЧКА

ОПШТИ УСЛОВИ НА УНИВЕРЗАЛНА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВИРТУЕЛЕН ПОС ТЕРМИНАЛ ПРИ ПЛАЌАЊА СО КАРТИЧКА
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash