Акредитиви

Уни Банка сегогаш Ви стои на располагање и Ви го гарантира процесот на плаќање!

Акредитивот претставува најсигурен инструмент за плаќање, кој ги штити и продавачот и купувачот, посебно кога се нови партнери во меѓународното трговско работење. Предност за купувачот при користење на акредитивот е сигурноста дека ќе ја добие договорената стока и тоа преку добро дефинирани документи во акредитивните услови.

Предност за продавачот при користење на акредитивот е сигурноста дека ќе ја наплати стоката што ја испорачал со исполнување на условите во акредитивот.
Акредитивот како инструмент е меѓународно регулиран со општоприфатените Еднообразни правила и обичаи за документарни акредитиви, Ревизија 2007, Публикација 600 издадени од МТК во Париз.

Ностро (увозен) акредитив е инструмент за плаќање и обезбедување на плаќање при увоз на стоки и услуги.

Лоро (извозен) акредитив е инструмент со кој се обезбедува наплата на извозот на стоки и услуги.

Знаеме дека за секој бизнис во доменот на увоз и извоз на стоки и услуги значајна е сигурна и навремена достава како и навремено плаќање од Вашите деловни партнери во странство. Искористете ја можност што Ви ја нудиме за користење на акредитиви кои значително ќе ја зголемат сигурноста на бизнис релацијата и ќе го олеснат работењето со Вашите добавувачи и клиенти.

ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash