Едукација и развој
Потрагата по образовани, мотивирани и стручни кадри со искуство, но и кадар без искуство, се секогаш добредојдени во семејството на вработени на УНИБанка, да го отпочнат или продолжат својот професионален пат.
Вложувањето во човечкиот ресурс е наш број еден приоритет по кој се движиме и заеднички работиме да ги препознаеме секојдневните предизвици, градејќи кариерни планови за тимот, а со тоа и личен развој за секој поединец, се со цел остварување на краен резултат, нивното задоволство.
Ние ви нудиме можност да станете дел од банкарскиот свет и овозможуваме пристап до сите отворени работни позиции, согласно нашиот раст и континуиран развој.Нашата мисија е да бидеме поблиску до клиентите и вработените!Доколку сакате да станете дел од тимот на Банката, ја очекуваме Вашата апликација за вработување.