|
За интернет плаќање е потребно да се внесе бројот на картичката, рокот на важност на картичката, CVV2/CVC кодот (во зависност од брендот на картичката; CVV2 – за картички од Visa брендот, CVC - за Mastercard, кој можете да го прочитате на задната страна на картичката). За дополнителна сигурност на плаќањето e воведена засилена автентикација. Со воведување на засилената автентикација, плаќањето се потврдува со биометија или PIN, во зависност од избраниот начин на пристап во мобилната апликација. Корисникот на картичката добива нотификација во My Unibank апликацијата со детали за плаќањето, кое треба да го потврди со биометија или PIN. По исклучок, онлајн плаќањето со картичка може да се автентицира со QR код, кој корисникот треба да го скенира преку мобилната апликација My Unibank. На следниот линк можете да најдете кратко упатство за извршување на интернет трансакција со засилена автентикација: https://www.unibank.mk/news/cekori-za-nov-nacin-na-avtentikacija-na-onlajn-plakana.nspx Повеќе информации во врска со засилената автентикација можете да најдете на следните линкови: https://www.unibank.mk/zasilena-avtentikacija.nspx Засилената автентикација се применува при онлајн плаќања само кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard Identity Check и Visa Secure, со исклучок на трансакции за кои банката, преку користење на најсовремените методи и технологии, ќе оцени/утврди дека се со низок ризик за злоупотреба. Трговците кои ги исполнуваат стандардите на програмите Mastercard Identity Check и Visa Secure може да се препознаат по логоата кои се наведени на веб страната.

|