За колку време можам да ја добијам картичката по поднесената апликација?
Дебитните и кредитните картички можете да ги подигнете во рок од 5 до 7 работни дена.
Доколку Ви е потребна дебитна картичка во пократок рок, можете да побарате итно издавање, при што за поднесено барање до 10.00 часот, картичката можете да ја добиете истиот ден во експозитура Плоштад Македонија во Скопје или наредниот работен ден во сите останати експозитури.
Како можам да ја проверам состојбата на мојата картичка?
Состојбата на Вашите дебитни и кредитни картички можете да ја проверите:

• преку мобилнaта апликација/интернет банкарство;
• на банкоматите на УНИ Банка;
• на банкоматите на други банки кои ја овозможуваат оваа услуга.

Како можам да добијам информации за направените трансакции?
Детална евиденција на сите трансакции кои се реализирани со Вашите картички, можете да добиете преку мобилнaта апликација/интернет банкарство во преглед на трансакции за конкретната картичка.
Колку изнесува месечниот минимум за плаќање на кредитната картичка и дали истиот може да биде променет?
Месечен минимум за плаќање е обврска која корисникот на кредитна картичка е должен да ја измирува месечно на датумот на достасувањето на истата и претставува процент од износот на искористениот револвинг кредит, но не помалку од 300 денари доколку месечниот минимум за плаќање е помал од 300 денари, 100% (сто проценти) од износот на пресметаните надоместоци кои произлегуваат од направените трансакциии и/или од договорот, 100% (сто проценти) од износот на пресметаната казнена и договорна камата и ратата доколку клиентот користел средства преку програмата плаќање на рати.
Минималниот износ за плаќање може да биде од 3% до 100% од износот на главницата, согласно потребите на корисникот. Висината на минималниот износ за плаќање може да се промени со поднесување на барање во најблиската експозитура на УНИ Банка.
Дали можам да платам поголем износ од минималниот долг за кредитна картичка?
Да, може да се уплати поголем износ од минималниот долг за отплата на еден од следните начини:
• преку мобилнaта апликација/интернет банкарство;
• со потпишување на овластување за предвремена отплата во најблиската експозитура на УНИ Банка.
Како можам да го зголемам кредитниот лимит на мојата кредитна картичка?
Во најблиската експозитура на УНИ Банка потребно е да поднесете потпишано Барање за зголемување на лимит на кредитна картичка, Согласност за подготвување и доставување извештај од МКБ и документ за лична идентификација. Промената на кредитниот лимит зависи од кредитоспособноста и вкупната задолженост на клиентот по извршена кредитна анализа.
Ја изгубив мојата картичка. Што треба да направам?

Потребно е ВЕДНАШ да ја блокирате Вашата картичка на еден од следните начини:
• преку мобилнaта апликација/интернет банкарство;
• преку дежурниот центар на Банката (24/7) на телефонскиот број 02 3293 888;
• на телефонскиот број 02 3111 111 од 08:00 до 18:00 часот – во работно време на Банката или; or
• во најблиската експозитура на УНИ Банка.

Ја блокирав картичката (картичката е изгубена/ украдена). Што треба да направам за да добијам нова картичка?
Во рок од 30 дена по блокирањето на картичката, пополнете барање за реиздавање на картичката во било која експозитура на УНИ Банка со документ за лична идентификација. Новата картичка ќе можете да ја подигнете во рок од 5 до 7 работни дена, во експозитурата во која сте го поднеле барањето или во некоја друга експозитура, доколку истото сте го навеле во барањето.
Картичката ми е злоупотребена. Што треба да направам?

Потребно е ВЕДНАШ да ја блокирате Вашата картичка на ист начин како во случај на изгубена/украдена картичка. Потоа, можете да поднесете поплака и барање за издавање на нова картичка.
Поплака, со точни податоци за идентификација, може да поднесете на следниот начин:
• во било која експозитура на Банката;
• преку е-меил: cards@unibank.com.mk или poplaki@unibank.com.mk (доколку е-меил адресата на подносителот на поплаката е регистрирана во базата на податоци на Банката);
• по пошта со достава на адреса на Банката;
• телефонски, на 02 3111 111 од 08.00 до 18.00 часот – во работно време на Банката.
Повеќе информации во врска со поднесување на поплаки, можете да најдете на следниот линк: https://www.unibank.mk/mk-MK/pofalbi-poplaki-sugestii.nspx

Како можам да се заштитам од злоупотреби со мојата картичка?
За да се заштитите од евентуални злоупотреби, внимателно прочитајте ги препораките за поголема сигурност на картичките, придржувајте се кон советите за безбедно користење на картичките на следниот линк: https://www.unibank.mk/sigurnost-na-karticki.nspx
Го згрешив ПИН кодот 3 или повеќе пати, како да ја деблокирам картичката?
Картичката можете да ја деблокирате на еден од следните начини:
• преку 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888;
• на телефонскиот број 02 3111 111 секој работен ден од 08.00 до 18.00 часот;
• во било која експозитура на УНИ Банка со документ за лична идентификација.
Доколку не сте сигурни за Вашиот ПИН код, поднесете барање за реиздавање на ПИН во најблиската експозитура на банката.
Го заборавив ПИН кодот на мојата картичка, како можам да добијам нов ПИН код?
Во случај на заборавен ПИН, потребно е да поднесете барање за реиздавање на ПИН во било која од експозитурите на УНИ Банка, со документ за лична идентификација. Реиздадениот ПИН код можете да го подигнете во рок од 5 работни дена, во експозитурата во која сте го поднеле барањето.
Дали можам да го променам ПИН –кодот на мојата картичка?
Промена на ПИН кодот можете да направите на банкоматите на УНИ Банка и преку банкомат на друга банка која ја нуди оваа услуга. Вашиот нов ПИН код може да биде Ваша сопствена комбинација од 4 цифри. При избор на ПИН-от, препорачуваме да избегнувате лични податоци (не користете датуми на раѓање, години, телефонски броеви или лични броеви што лесно се дознаваат) и да не користите едноставни низи (на пр. 1234, 0000 или исти броеви по ред како 1111).
Која картичка можам да ја користам за онлајн плаќања?
Сите картички (дебитни и кредитни) издадени од УНИ Банка можете да ги користите за онлајн плаќања на сите веб-страни каде е прифатена и е назначено соодветното лого.
Кои податоци се потребни при интернет плаќање?

За интернет плаќање е потребно да се внесе бројот на картичката, рокот на важност на картичката, CVV2/CVC кодот (во зависност од брендот на картичката; CVV2 – за картички од Visa брендот, CVC - за Mastercard, кој можете да го прочитате на задната страна на картичката). За дополнителна сигурност на плаќањето e воведена засилена автентикација.
Со воведување на засилената автентикација, плаќањето се потврдува со биометија или PIN, во зависност од избраниот начин на пристап во мобилната апликација. Корисникот на картичката добива нотификација во My Unibank апликацијата со детали за плаќањето, кое треба да го потврди со биометија или PIN. По исклучок, онлајн плаќањето со картичка може да се автентицира со QR код, кој корисникот треба да го скенира преку мобилната апликација My Unibank. На следниот линк можете да најдете кратко упатство за извршување на интернет трансакција со засилена автентикација: https://www.unibank.mk/news/cekori-za-nov-nacin-na-avtentikacija-na-onlajn-plakana.nspx
Повеќе информации во врска со засилената автентикација можете да најдете на следните линкови: https://www.unibank.mk/zasilena-avtentikacija.nspx
Засилената автентикација се применува при онлајн плаќања само кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard Identity Check и Visa Secure, со исклучок на трансакции за кои банката, преку користење на најсовремените методи и технологии, ќе оцени/утврди дека се со низок ризик за злоупотреба. Трговците кои ги исполнуваат стандардите на програмите Mastercard Identity Check и Visa Secure може да се препознаат по логоата кои се наведени на веб страната.

  

Кои картички можам да ги користам во странство?
Сите картички издадени од УНИ Банка (дебитни и кредитни) можете да ги користите и за купување и подигнување на готовина во странство. Трансакциите направени во странска валута се книжат во валута на сметката со која е поврзана картичката..
До кога е рокот на важност на мојата картичка?
Картичката можете да ја користите до крајот на месецот кој е наведен како рок на важење на картичката, а е запишан на самата картичка. На пример: ако на картичката е испечатено 03/31, тоа значи дека истата можете да ја користите до крајот на месец март 2031 година, односно до 31.03.2031 година.
Картичката престанува да ми важи овој месец. Што треба да направам да добијам нова картичка?
Обновување на картичките поради истекување на рокот се врши по автоматизам и за истото не е потребно да поднесувате дополнително барање. Доколку редовно ја користите Вашата картичка и доколку не ја откажете картичката 45 дена пред истекот на рокот, истата ќе биде обновена во месецот во кој истекува картичката. Новата картичка можете да ја подигнете во втората половина од месецот во кој истекува картичката. Доколку не сакате обновување и сакате да ја откажете истата, потребно е да доставите писмено барање до банката.
Дали може реиздадената картичка со нов рок на важење да ја подигнам во друга експозитура, различна од експозитурата каде аплицирав за првата картичка?
Реиздадената картичка поради истекување на рокот се испраќа во експозитурата во која првично била издадена. За секое пренасочување на картичките во експозитура различна од експозитурата на издавање на картичките, се пресметува и наплаќа надоместок согласно Тарифата на УНИ Банка за кредитни и дебитни картички. Доколку писмено ја известите Банката најмалку 45 дена пред истекувањето на рокот на Вашите картички, дека сакате реиздадените картички да пристигнуваат во друга експозитура, не се пресметува надоместок. За сите останати случаи, откако картичките се веќе доставени во соодветната експозитура, важат надоместоците согласно Тарифата на УНИ Банка.
Како можам да направам промена на дневниот лимит на картичката?
Промена на дневните лимити на Вашата картичка може да се изврши:
• преку мобилнaта апликација/интернет банкарство или; или
• преку најблиската експозитура на УНИ Банка
Со оглед на тоа дека не се наоѓам во Р. С. Македонија, дали може друго лице да ги подигне моите картички?
Подигнувањето на картичките може да се направи исклучиво лично со документ за лична идентификација, или пак лице кое поседува овластување заверено на нотар за подигнување на картичките во Ваше име.
Картичката ја заборавив на банкомат, што да правам?
Доколку при извршување на трансакцијата на банкомат, заборавите да ја подигнете картичката во рок од 30 секунди, банкоматот ја повлекува и задржува картичката. Информација за тоа дали Вашата картичка е задржана на банкомат, можете да добиете во 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888. Доколку овластените лица Ве информираат дека картичката не се наоѓа во банкомат, наша препорака е картичката веднаш да ја блокирате со што би се спречила нејзина злоупотреба.
Каде може да ја подигнам картичката која ми беше задржана во банкомат?
Информација за тоа каде да ја подигнете Вашата картичка која била задржана во банкомат можете да добиете на тел: 02 2 3111 111 од 08 до 18 часот. Експозитурата каде треба да ја подигнете картичката зависи од локацијата на банкоматот на кој била задржана картичката.
Кој е најголем износ кој можам да го подигнам од банкомат со една трансакција?
Банкоматот со една трансакција може да исплати најмногу 40 банкноти. Во зависност од моменталниот број на банкноти (по апоени) во банкоматот, банкоматот може да исплати до 80.000 денари со една трансакција.
Дали може да уплатам готовина на банкоматите на УНИ Банка?
Готовина можете да депонирате на банкоматите на УНИБанка кои се обележани со налепница Cash in. Сите информации во врска со оваа услуга можете да ги најдете на следниот линк: Македонски - Уплата на готовина на банкомат.
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash
Scroll to top

Copyright © Уни банка, 2023 година. Сите права се задржани.