Целосна контрола врз Вашите картички
Сега имате целосен преглед и контрола врз вашите дебитни и кредитни картички, директно од апликацијата!
Што сè можете да направите?
- Следете ги вашите картички:Погледнете ги сите детали – од расположливото салдо, рокот на важност и поврзаната сметка, до статусот на картичката и сите направени авторизации.
- Отплата на кредитна картичка:Со опцијата „Плати“, можете лесно да направите предвремена отплата на долгот по вашата кредитна картичка. Едноставно внесете го износот што сакате да го платите и потврдете ја трансакцијата.
My Unibank
Е-Банка
Како да ги прилагодите лимитите?
- Изберете ја опцијата „ЛИМИТИ“под соодветната картичка.
- На екранот ќе ги видите постојните активни дневни лимити.
- Во соодветните полиња, променете ги износите за АТМ, ПОСи Вкупно (за дебитни картички), или само за АТМ и ПОС (за кредитни картички).
- Прифатете ги изјавите и кликнете на „ПРОМЕНИ ЛИМИТИ“.
- Потврдете со избор на копчето „АВТОРИЗИРАЈ“ (Е-Банка), со ПИНили Биометрија (My Unibank).
Како да го смените статусот на картичката?
- Изберете ја опцијата „БЛОКИРАЈ“или „ДЕБЛОКИРАЈ“ (ако картичката е веќе блокирана).
- На следниот екран, прегледајте ги деталите за картичката и прифатете ги изјавите.
- Потврдете со избор на копчето „АВТОРИЗИРАЈ“ (Е-Банка), со ПИНили Биометрија (My Unibank).
Оваа опција ви дава контрола и сигурност, за да можете да реагирате веднаш во непредвидени ситуации.