|
Побарајте ја ознаката за бесконтактно плаќање
За бесконтактно плаќање потребно е ознаката за бесконтактно плаќање да се наоѓа и на Вашата картичка и на терминалот на кој вршите плаќање, независно од која банка е терминалот и дали сте во земјата или во странство. Доколку терминалот ја нема наведената ознака, трансакцијата се извршува вообичаено, со читање на чипот.
Доближете ја Вашата бесконтактна картичка до ПОС терминалот
Доближете ја Вашата бесконтактна картичка до ПОС терминалот на растојание помало од 5 mm или едноставно допрете ја на терминалот. Во земјата, за бесконтактни плаќања нема да Ви биде побарано да внесете ПИН за износи до 3.000 ден. за Mastercard/2.500 ден. за Visa картички. За плаќања над овие износи ќе Ви биде побаран и ПИН код. Надвор од земјата, износот за бесконтактното плаќање без внесување на ПИН код може да се разликува.
Почекајте го звучниот сигнал или зеленото светло на ПОС терминалот кои означуваат дека трансакцијата е процесирана
На терминалот ќе добиете порака “ОДОБРЕНО” доколку трансакцијата е успешна и ќе добиете слип за успешната трансакција. Слипот за бесконтактна трансакција не се разликува од останатите. Во изводот од сметката и извештаите, трансакцијата која е реализирана со бесконтактна картичка не се разликува од останатите.
|