ново иновативно решение
ID operated by Evrotrust

УНИ Банка во своето работење интегрира користење на ново иновативно решение,
платформата “ID operated by Evrotrust”, овозможувајќи им на клиентите да започнат целосно
ново дигитално искуство при користењето на банкарските услуги.

Банкарски услуги од далечина
Без посета на експозитура

Заштедете време

Со ова ново иновативно решение, клиентите на УНИ Банка ќе можат да ги користат
банкарските услуги од далечина, без да имаат потреба да посетат некоја од
експозитурите на Банката. На овој начин клиентите на Банката можат многу полесно
да го организираат своето време, а уште поважно да го заштедат своето време

Потпишувајте дигитално

Платформата “ID operated by Evrotrust” им овозможува како на постоечките така и
на новите клиенти на Банката да се идентификуваат и да потпишуваат документи во
дигитална форма со својот Квалификуван Електронски Потпис, во било кое време и
од било кое место во светот.

ID Operated by Evrotrust

Со апликацијата секој корисник добива:

  • Личен Електронски Идентитет
  • Сертификат за Квалификуван Електронски Потпис (кој има иста
    важност како и своерачен потпис)

Платформата “ID operated by Evrotrust” е одобрена и се употребува согласно “Законот
за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги“.

ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash