Уплата на готовина на банкомат
УНИБанка Ви нуди уште една можност за брзо и ефикасно управување со Вашите средства. Со новата услуга CASH IN можете да депонирате готовина на Вашата платежна сметка преку банкоматите на УНИБанка, во секое време, независно од работното време на експозитурите на Банката.
Со услугата CASH IN како клиенти на УНИБанка, добивате можност да:
  • Депонирате готовина на Вашата платежна сметка со Visa или Mastercard дебитна картичка издадена од УНИБанка;
  • Депонирате дневен пазар на Вашата платежна сметка со бизнис дебитната картичка издадена од УНИБанка.
Што ви нуди Cash In услугата?
  • Брзина, практичност и удобност – услугата ја користите без претходна регистрација и истата е достапна 24/7.
  • Потребно е само да поседувате активна дебитна картичка издадена од УНИБанка;
  • Бесплатно депонирање на готовина на Вашата сметка преку банкомат;
  • Депонираната готовина е на располагање на Вашата сметка/дебитна картичка во најкраток рок.
На кои банкомати можете да депонирате готовина?
Готовина можете да депонирате на банкомати на УНИБанка, кои се обележани со следната налепница:
Листата на банкомати на УНИБанка на кои можете да депонирате готовина, можете да ја видите ТУКА

Како се користи услугата Cash In на банкомат?
  1. Вметнете/доближете ја во/на банкомат Вашата Visa или Mastercard дебитна картичка издадена од УНИБанка;
  2. Изберете јазик;
  3. На главниот екран на банкоматот од понудените услуги изберете „Депонирање готовина“;
  4. Внесете го Вашиот ПИН код;
  5. Во отворот за депонирање ставете ги банкнотите хоризонтално/во должина, без да ги превиткувате. Банкоматот поддржува максимум 300 банкноти по трансакција. Банкоматот не поддржува монети;
  6. Банкоматот врши проверка на банкнотите и доколку утврди оштетени и/или фалсификат банкноти истите ги враќа во отворот за депозит или ги задржува во банкоматот;
  7. На екранот се прикажуваат бројот на прифатени банкноти, вкупниот депониран износ, како и бројот на банкноти кои можат да бидат додадени до максималниот број на банкноти по трансакција, потоа се потврдува (ПОТВРДИ), дополнува (ДОДАДИ) или откажува трансакцијата (ОТКАЖИ);
  8. Доколку изберете ПОТВРДИ, на екранот на банкоматот добивате потврда за успешна трансакција и белешка за трансакцијата.
Какви банкноти може да се депонираат?
Имате можност да депонирате банкноти во македонски денари со различна деноминација од 10 денари, 50 денари, 100 денари, 200 денари, 500 денари, 1.000 денари и 2.000 денари.
Банкоматот не прифаќа монети.
Банкнотите се поставуваат хоризонтално, во должина, без посебен распоред.
Максимален број на банкноти по трансакција е 300.
Банкнотите кои при депонирање и верификација се издвоени како лажни или фалсификувани, БАНКАТА ги задржува, согласно законската обврска за откривање и повлекување фалсификувани пари.
Во овој случај можете да се обратите во најблиската експозитура на УНИБанка каде детално ќе Ве информираат за постапката за обработка на сомнителни и фалсификат банкноти.
Општи услови за користење на услуга депонирање на готовина на банкомат на Универзална Инвестициона Банк АД Скопје
Корисничко упатство за депонирање готовина на Cash in на банкомат Скопје 
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash