За колку време можам да ја добијам картичката по поднесената апликација?
Дебитните картички можете да ги подигнете во рок од 5 до 7 работни дена, а кредитните картички во рок од 10 работни дена од поднесувањето на апликацијата. Доколку картичките Ви се потребни во пократок рок, можете да побарате нивното итно издавање (услуга за која се наплаќа провизија согласно Тарифата на Банката), за поднесени барања до 10.00 часот, картичките можете да ги добиете истиот ден во Централата на УНИ Банка или наредниот работен ден во сите останати експозитури.
Како можам да ја проверам состојбата на мојата картичка?
Состојбата на Вашите дебитни и кредитни картички можете да ја проверите:
  • бесплатно преку Вашето електронско/мобилно банкарство;
  • на банкоматите на УНИ Банка (со 1 бесплатна проверка во месецот за дебитни картички);
  • на банкоматите на други банки кои ја овозможуваат оваа услуга;
Како можам да добијам информации за направените трансакции?
Со ажурирање на податоците за Вашата е-мејл адреса можете да се регистрирате за користење на бесплатната услуга “E-мејл известувања за трансакции со платежни картички”, при што добивате известувања по прокнижување на сите трансакции реализирани со Вашите картички при пазарување и подигнување готовина, во земјата и во странство.
Детална евиденција на приливи и одливи по сите основи на Вашата платежна сметка, можете да добиете и со извод од платежната сметка во најблиската експозитура на УНИ Банка, или пак на е-мејл доколку аплицирате за оваа услуга, исто така, во најблиската експозитура на УНИ Банка, при што изводот ќе го добивате со секоја промена на состојбата на сметката.
Колку изнесува месечниот минимум за плаќање на кредитната картичка и дали истиот може да биде променет?
Месечен минимум за плаќање е обврска која КОРИСНИКОТ НА КАРТИЧКАТА е должен да ја измирува месечно на датумот на достасувањето на истата и претставува процент од износот на искористениот револвинг кредит, но не помалку од 300 денари доколку месечниот минимум за плаќање е помал од 300 денари, 100% (сто проценти) од износот на пресметаните надоместоци и провизии кои произлегуваат од направените трансакциии и/или од договорот и 100% (сто проценти) од износот на пресметаната казнена и договорна камата и ратата доколку клиентот користел средства преку програмата плаќање на рати.
Минималниот износ за плаќање може да биде од 3% до 100% од износот на главницата, согласно Вашите потреби. За промена на истиот потребно е да поднесете соодветен формулар во најблиската експозитура на УНИ Банка.
Дали можам да платам поголем износ од минималниот долг за кредитна картичка?
Поголем износ од минималниот долг за отплата може да се уплати, односно можете да извршите отплата на целиот или дел од долгот, за што е потребно да потпишете Овластување за предвремена отплата во најблиската експозитура на УНИ Банка.
Како можам да го зголемам лимитот на мојата кредитна картичка?
За зголемување на лимитот потребно е да поднесете Барање за зголемување на лимит на кредитна картичка во најблиската експозитура на УНИ Банка.
Во прилог на барањето потребно е да приложите и потврда за редовен работен однос, две заверни административни забрани и потврда за плата за последните 6 месеци, а доколку сте вработени во приватна фирма дополнително и М1/М2 образец и рекапитулари од фирмата за последните 6 месеци.
Ја изгубив мојата картичка. Што треба да направам?
Потребно е ВЕДНАШ. да ја блокирате Вашата картичка во најблиската експозитура на УНИ Банка, или на телефонскиот број 02 3286 155 од 08.00 до 18.00 часот – во работно време на банката, или во 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888.
Ја блокирав картичката (картичката е изгубена/ украдена). Што треба да направам за да добијам нова картичка?
Во рок од 30 дена по блокирањето на картичката, посетете ја било која експозитура на УНИ Банка со документ за лична идентификација и пополнете Барање за реиздавање на картичка . Новата картичка ќе ја можете да ја подигнете во рок од 5 до 7 работни дена, во експозитурата во која сте го поднеле барањето или во некоја друга експозитура, ако истото сте го навеле во формуларот.
Го згрешив ПИН кодот 3 или повеќе пати, како да ја деблокирам картичката?
Картичката можете да ја деблокирате во било која експозитура на УНИ Банка со документ за лична идентификација, или пак доколку ја знаете Вашата лозинка за идентификација, можете да се јавите на телефонскиот број 02 3286 155 секој работен ден од 08.00 до 18.00 часот – во работно време на банката, или во 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888.
Го заборавив ПИН кодот на мојата картичка, како можам да добијам нов ПИН код?
Во случај на заборавен ПИН, потребно е во било која од експозитурите на УНИ Банка со документ за лична идентификација да пополните Барање за реиздавање на ПИН. Реиздадениот ПИН код можете да го подигнете во рок од 5 работни дена, во експозитурата во која сте го поднеле барањето или во некоја друга експозитура, ако истото сте го навеле во формуларот.
Дали можам да го променам ПИН –кодот на мојата картичка?
Промена на ПИН кодот можете да направите на банкоматите на УНИ Банка. Вашиот нов ПИН код може да биде Ваша сопствена комбинација од 4 цифри (кои Ви се лесни за паметење).
Преку оваа услуга на банкоматите на УНИ Банка можете да имате еден ПИН код за сите картички издадени од УНИ Банка.
Со која картичка можам да плаќам на интернет?
Дебитнате картичкати можете да ја користите за интернет купувања на сите веб-страни каде е прифатена и е назначено соодветното лого.
Потребен ми е CVC/CVV2 при интернет плаќање?
CVV2/CVC кодот (во зависност од брендот на картичката; CVV2 – за картички од Visa брендот, CVC - за MasterCard) можете да го прочитате на задната страна на дебитната Visa Electron картичка, како и на сите кредитни картички. Доколку на задната страна на картичката има повеќе броеви, CVV2/CVC кодот се однесува на последните три бројки.
Кои картички можам да ги користам во странство?
Сите картички издадени од УНИ Банка (дебитни и кредитни) можете да ги користите и (за купување и подигнување на готовина) во странство. Трансакциите направени во странска валута се книжат во денари. За подигнување на готовина на банкомат во странство се наплаќа провизија во согласност со Тарифата на УНИ Банка, додека за пазарење со картичките во странство не се наплаќа провизија.
До кога е рокот на важност на мојата картичка?
Картичката можете да ја користите до крајот на месецот кој е наведен како рок на важење на картичката, а е запишан на самата картичка. На пример: ако на картичката е испечатено 03/16, тоа значи дека истата можете да ја користите до крајот на месец март 2025 година, односно до 31.03.2025 година.
Картичката престанува да ми важи овој месец. Што треба да направам да добијам нова картичка?
Реиздавањето на картичките поради истекување на рокот се врши по автоматизам, и за истото не е потребно да поднесувате дополнително барање. Вашите картички ќе се реиздаваат после секое истекување на рокот, доколку не ја откажете картичката 45 дена пред истекот на рокот. За да ја откажете картичката, потребно е да доставите писмено барање до банката.
Дали може реиздадената картичка со нов рок на важење да ја подигнам во друга експозитура, различна од експозитурата каде аплицирав за првата картичка?
Реиздадената картичка поради истекување на рокот се испраќа во експозитурата во која првично била издадена. За секое пренасочување на картичките во експозитура различна од експозитурата на издавање на картичките, се пресметува и наплатува провизија согласно Тарифата на УНИ Банка за кредитни и дебитни картички.
Доколку писмено ја известите Банката најмалку 45 дена пред истекувањето на рокот на Вашите картички, дека сакате реиздадените картички да пристигнуваат во друга експозитура, не се пресметува провизија. За сите останати случаи, откако картичките се веќе доставени во соодветната експозитура, важат провизиите согласно Тарифата на УНИ Банка.
Имам потреба дневно да користам повеќе средства од определните дневни лимити со мојата дебитна картичка. Како можам да направам промена?
За промена на дневните лимити на Вашата дебитна картичка, потребно е да ја посетите најблиската експозитура на УНИ Банка со документ за лична идентификација и да пополните и потпишете Барање за промена на дневни лимити за работа со дебитни картички.
Со оглед на тоа дека не се наоѓам во Р. Македонија, дали може друго лице да ги подигне моите картички?
Подигнувањето на картичките може да се направи исклучиво лично со документ за лична идентификација, или пак лице кое поседува овластување заверено на нотар за подигнување на картичките во Ваше име.
Како можам да се заштитам од злоупотреби со мојата картичка?
За да се заштитите од евентуални злоупотреби, внимателно прочитајте ги препораките за поголема сигурност на картичките придржувајте се кон советите за безбедно користење на картичките.
Картичката ја заборавив на банкомат, што да правам?
Доколку при комплетирање на трансакцијата на банкомат, заборавите да ја подигнете картичката во рок од 30 секунди, банкоматот ја повлекува картичката.
Информација за тоа дали Вашата картичка е задржана на банкомат, можете да добиете на тел: 02 3286 155 секој работен ден од 08.00 до 18.00 часот – во работно време на банката, или во 24/7 дежурниот центар на телефонскиот број 02 3293 888.
Доколку овластените лица Ви потврдат дека картичката не се наоѓа во банкомат, наша препорака е картичката веднаш да ја блокирате со што би се спречила нејзина злоупотреба.
Каде може да ја подигнам картичката која ми беше задржана во банкомат?
Информација за тоа каде да ја подигнете Вашата картичка која била задржана во банкомат можете да добиете на тел: +389 2 3286 155 (во работно време на банката). Експозитурата каде треба да ја подигнете картичката зависи од локацијата на банкоматот.
ova mozda treba da nosi na forma za appliciranje za e banking idk bash