“3D Secure“ технологија за сигурни и безбедни интернет плаќања со картички

УНИБанка АД Скопје од 2ри септември 2019 година започна со примена на “3D Secure“ технологија  на картички, со која им овозможува на своите клиенти корисници на дебитни и кредитни картички од  Mastercard и Visa брендот највисоко ниво на сигурност и безбедност при интернет плаќања со картичка.

3D Secure“ технологијата, преку програмите Mastercard SecureCode/Mastercard ID Check за Mastercard картички и Verified by Visa/Visa Secure за Visa картички, со испраќање на СМС порака со ОТП (One Time Password) овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката, односно проверка дали вистинскиот корисник на картичка ја користи картичката при интернет плаќања. При тоа, не се менува начинот на плаќање, додаден е само уште еден чекор со кој се зголемува безбедноста на интернет плаќањата и се овозможува дополнителна сигурност и контрола.

Покрај стандардните податоци кои се бараат при плаќање на интернет – број и рок на важење на картичка, име и презиме на корисникот на картичката и CVC/CVV2 код, кај трговци кои учествуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode/Mastercard ID Check и Verified by Visa/ Visa Secure, ќе биде побарано внесување на ОТП лозинка.


Што претставува OТП лозинка?

ОТП (One Time Password) е еднократна лозинка која се добива преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во банката и е валиден само за конкретната трансакција. Оваа лозинка се внесува при извршување на интернет трансакција кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard SecureCode/Mastercard ID Check и Verified by Visа/ Visa Secure. За непречено извршување на трансакцијата, неопходно е мобилниот телефонски број да биде ажуриран во банката, бидејќи ОТП лозинката ќе биде испратена на оној број кој до тој момент е регистриран во банката.

За ажурирање на мобилниот телефонски број потребно е корисникот  на картичка да се обрати во било која експозитура на УНИБанка АД Скопје.


Дали за секоја интернет трансакција ќе биде испратена ОТП лозинка?

ОТП лозинка се испраќа при извршување на трансакции само кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard SecureCode/Mastercard ID Check и Verified by Visa/ Visa Secure, со исклучок на трансакции за кои банката, преку користење на најсовремените методи и технологии, ќе оцени/утврди дека се со низок ризик за злоупотреба.

Трговците кои ги исполнуваат стандардите на програмите Mastercard SecureCode/Mastercard ID Check и Verified by Visa/ Visa Secure може да се препознаат по логоата кои се наведени на веб страната:


Дали е потребна регистрација за “3D Secure“ технологијата и дали има надомест за нејзино користење?

Оваа технологија е бесплатна за сите корисници на картички издадени од УНИБанка АД Скопје и за нејзино користење не е потребна регистрација. Сите дебитни и кредитни картички од Mastercard и Visa брендот, издадени од УНИБанка АД Скопје се автоматски регистрирани во програмите Mastercard SecureCode/Mastercard ID Check и Verified by Visa/ Visa Secure, без надомест.


Како се одвива трансакција кај Mastercard SecureCode/Mastercard ID Check и Verified by Visa/Visa Secure трговци?

*Доколку плаќањето е со Mastercard картичка кај трговци кои учествуваат во програмата Mastercard SecureCode/Verified by Visa:

 По внесување на податоците за бројот на картичка, рок на важење на картичка, име и презиме на корисник на картичка и CVC/CVV2 код, се појавува нов екран во кој треба да се внесе добиената ОТП лозинка:

Во рок од неколку секунди корисникот на картичката преку СМС порака добива ОТП лозинка, истата треба да ја внесе во полето за еднократна лозника и да притисне на полето  Продолжи за понатамошно процесирање на трансакцијата.

*Доколку плаќањето е со Mastercard картичка кај трговци кои учествуваат во програмата Mastercard ID Check/Visa Secure:

 По внесување на податоците за бројот на картичка, рок на важење на картичка, име и презиме на корисник на картичка и CVC/CVV2 код, се појавува нов екран при што треба да се избере јазик.

По изборот на јазик, се избира полето Потврди/Confirm и на следниот екран се добиваат инструкции за начинот на автентикација каде се дадени детали за плаќањето (сума на трансакцијата изразена во валутата на трговецот, датум на трансакцијата и назив на трговец) како и информација за телефонскиот број (маскиран) на кој ќе биде испратена СМС порака со ОТП лозинка.

За генерирање и испраќање на OTP лозинка, се бира Испрати Лозинка (ОТП)/Send Password (OTP)

По добивањето на SMS пораката со OTP лозинка, истата се внесува и се бира Потврди/Submit. Доколку од било која причина не се добие SMS порака со OTP лозинка, може да се избере Нова лозинка (ОТП)/New Password (OTP) за генерирање и испраќање на нова лозинка.

Во било кој момент автентикацијата можe да се откаже преку полето Откажи (над логото Mastercard ID Check/Visa Secure).