УНИБанка со нов Зимски депозит со атрактивни каматни стапки


Депозитот за физички лица со највисока каматна стапка

УНИБанка во февруари започна со нов зимски депозит со атрактивни услови на македонскиот пазар. Депозитот нуди највисока каматна стапка на пазарот во моментов, а за период од 36 месеци таа е фиксна и е 3,30%. Освен атрактивната каматна стапка, банката нуди флексибилни услови за користење на продуктот, како и неколку бонуси, со кои корисниците имаат можност за дополнителни вложувања и реализирање на максимална профитабилност.

Со Зимски депозит од  УНИБанка штедачите добиваат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесконтактна кредитна картичка со лимит до 30 000 денари и бесконтактна дебитна картичка со можност за користење на дозволено пречекорување до 30 000 денари. Предноста на продуктот е и опцијата за електронско и мобилно следење на депозитите во секој момент во текот на целиот период на депозитот.

Новиот банкарски продукт за физички лица се нуди во различен рок за период од 36 месеци, 24 месеци и 12 месеци, за трите опции, клиентот добива одлични  и атрактивни приходи од фиксна камата.

Депозитот се нуди во евра и во денари со минимален износ за орочување од 5.000 евра / 300.000 денари. Корисниците на депозитот имаат  мoжност за дополнителни вложувања во секое време до истекот на рокот на депозитот, како  и бесплатна можност за постојана онлајн проверка на параметрите на депозитот.

За повеќе информации http://www.unibank.mk/categories/view/903

15.02.2019