Зимски депозит

Карактеристики на депозитниот продукт:

  • За клиенти: физички лица - резиденти и нерезиденти;
  • Тип на каматна стапка: фиксна - непроменлива до истекот на рокот;
  • Валути: денари и евра;
  • Рочности: 12 и 24 месеци;
  • Начин на исплата на камата: декурзивна - по истекот на рочноста;
  • Минимален износ за орочување: 300.000 денари/5.000 евра;
  • Дополнителни уплати: мoжност за дополнителни вложувања во секое време до истекот на рокот на депозитот;
  • Преорочување: депозитот не се преорочува по истекот на рокот;
  • Делумно повлекување на средствата: не е дозволено пред истекот на рокот на депозитот;
  • Предвремено раскинување: можност за предвремено раскинување на целиот износ, при тоа Банката не пресметува камата.

Предности на депозитниот продукт:

  • Стабилност на идните приходи – фиксната каматна стапка нуди гарантирани приходи до истекот на рокот;
  • Нема ограничување во износот и бројот на дополнителните вложувања на депозитот;
  • Високи приходи – конкурентните каматни стапки нудат атрактивни приходи по камата;
  • Сигурност – депозитите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити.

ПАКЕТ I - за клиенти со плата/пензија/други редовни месечни приливи не помали од 10.000 денари во УНИБанка

Фиксни каматни стапки:

 

рок

12 месеци

24 месеци

ДЕНАРИ

2.5%

3.5%

ЕВРА

1.5%

2.5%

 

Во оваа пакет понуда клиентот може опционо да ги добие следните поволности:

  • Бесконтактна дебитна картичка Debit MasterCard или VISA Electron, за сите полнолетни резиденти:     
    - со одобрен лимит за дозволено пречекорување 60.000 денари,
    - со каматна стапка 6,9% променлива на годишно ниво
  • Бесконтактна кредитна картичка MasterCard Standard или VISA Classic, за сите полнолетни резиденти:
    - со одобрен револвинг кредит до 60.000 денари;
    - без членарина за првата година
  • СМС услуга-бесплатна додека депозитот е орочен
  • Мобилно банкарство-бесплатно

ПАКЕТ II - за клиенти без плата/пензија/други редовни месечни приливи помали од 10.000 денари во УНИБанка

Фиксни каматни стапки:

 

рок

12 месеци

24 месеци

ДЕНАРИ

2.3%

3.3%

ЕВРА

1.3%

2.3%

 

Во оваа пакет понуда клиентот може опционо да ги добие следните поволности:

 

  • Бесконтактна дебитна картичка Debit MasterCard или VISA Electron, за сите полнолетни резиденти:     
    - со одобрен лимит за дозволено пречекорување 20.000 денари,
    - со каматна стапка 11,25% променлива на годишно ниво
  • Бесконтактна кредитна картичка MasterCard Standard или VISA Classic, за сите полнолетни резиденти:   
    - со одобрен револвинг кредит до 60.000 денари,
    - без членарина за првата година
  • СМС услуга-бесплатна додека депозитот е орочен
  • Мобилно банкарство-бесплатно