Станбен кредит

Средствата од кредитот може да се искористат за купување на нов или стар стан од физичко или правно лице, за купување на куќа со земјиште, за градење или доградба на куќа, за купување на деловен простор, како и за рефинансирање на станбен кредит од друга банка.

Доколку сакате да си обезбедите нешто од претходно наброеното, од Вас не се очекува да располагате со целата сума потребна за купување, неопходно е само да ја искористите кредитната програма “Станбен кредит” која Ви ја нуди УНИБанка.

  • Услови на програмата “Станбен кредит”
  • Провизии и надоместоци
  • Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот
  • Неопходни документи
  • Процедура за разгледување на Вашето кредитно барање
Износ на кредитот

 

  • До 100.000,00 ЕUR за денарски кредити со девизна клаузула.
  • До 900.000,00 МКД за денарски кредити.

 

Номинална каматна стапка За денарски кредити со девизна клаузула:

  • 3,30% фиксна за првите три години и 5,30% променлива за останат период за клиенти со плата преку УНИБанка

    Горенаведените каматни стапки се одобруваат под услов кредитобарателот задолжително да е корисник или да стане корисник на дозволено пречекорување и кредитна картичка, и по избор на уште една услуга од следните: електронско банкарство, или СМС услуга.

Едномесечна стапка за ЕУРИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2017-31.12.2017 = -0,37%) + 5,67 п.п., но не пониска од 5,30%


  • 5,50% фиксна за првите три години и 6,50% променлива за останат период за клиенти без плата преку УНИБанка

Едномесечна стапка за ЕУРИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2017-31.12.2017= -0,37%) + 6,87 п.п., но не пониска од 6,35%

    (Годишни стапки на вкупни трошоци)
      Метод на пресметка Пропорционален
      Процент на кредитирање со банкарскиот кредит
      • до 75% од вредноста на пазарната проценка на имотот.
      Рок на враќање

       

      • До 300 месеци со можност за вклучен грејс период до 12 месеци за денарски кредити со девизна клаузула
      • До 120 месеци за денарски кредити

       

      Начин на користење на средствата Еднократно по обезбедување на следните документи од страна на кредитобарателот:

      • Имотен лист со запишана хипотека.
      Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи , плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел или целата главницата. При предвремено враќање се одбива каматата и се напаќа 5% казнен пенал за предвремено враќање.
      Обезбедување
      • Хипотека на недвижен имот
      • Административни забрани за кредитобарателот и кокредитобарателот
      Рок на одговор на барањето Во рок од 5 работни дена од доставување на комплетна и уредно пополнета документација.
      Осигурување на недвижниот имот Осигурувањето на имотот е на товар на кредитобарателот.
      Проценка на недвижниот имот Само првата година проценката е на товар на кредитокорисникот, а секоја наредна год на товар на Банката.
      Провизија за разгледување и управување со кредит
      • 0% провизија на одобрениот кредит за клиенти со плата преку УНИБанка
      • 0% провизија на одобрениот кредит за клиенти без плата преку УНИБанка

      • Без манипулативни трошоци и разгледување на кредитното барање за денарски кредити со девизна клаузула.

      • Манипулативни трошоци и разгледување на кредитното барање за денарски кредити:
        - 1200 мкд
        Провизија за предвремено враќање
        • без провизија за предвремена отплата од сопствени средства
        • 5% при рефинансирање на кредит од друга банка
        Старосна граница Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот.
        Неопходен доход на кредитобарател/ите
        • Месечните ануитети да не поминуваат 1/2 (една половина) од вкупните декларирани приходи на кредитобарателот и ко-кредитобарателите или да биде остварен минимум 20.000,00 денари чист остаток, по одбивање на месечните ануитети од вкупните декларирани месечни приходи, на кредитобарателот и ко-кредитобарателите.
        • Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентите по оценка на Банката.

        1. Документи за финансиска кредитоспособност на клиентите

        • Барање за кредит
        • Лична карта на кредитобарателот/ко-кредитобарателот
        • M-1/M-2, договор за работа на кредитобарателот/ко-кредитобарателот (за приватен сектор).
        • Потврда од работодавателот за остварена нето плата во последните 12 месеци на кредитобарателот/ко-кредитобарателот + заверени образци за месечна пресметка на плата за последните 6-12 месеци за приватен сектор.(рекапитулари)
        • Административни забрани
        • Изјава за поврзани лица
        • Други документи за докажување на приход
        • Договори за други кредитни односи

        2. Документи за имотот

        • Лична карта од сопствениците на имотот
        • Документ за сопственост на имотот кој се става по хипотека (Имотен лист)
        • Потврда од суд за недвижен имот кој не е ставен под хипотека
        • Документ за семејната состојба на сопствениците на имотот, предложен за обезбедување (извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родените). * Не е задолжително при поднесување на барањето но клиентот мора да го има за пред нотар
        • Дополнителни документи по барање на банката.

        Калкулатор за кредити
        Износ на кредитот
        Годишна каматна стапка %
        Број на рати
        Месечна рата
        *Калкулаторот е информативен.
        За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура