Хипотекарен кредит

Хипотекарен кредит

Хипотекарниот кредит Ви овозможува со ставање на хипотека на недвижен имот да ги обезбедите средствата кои Ви се неопходни за:

  • Купување покуќнина за домаќинство;
  • За реновирање;
  • За финансирање на сопствен бизнис;
  • За намирување на постоечки задолженија и рефинансирање на кредити;
  • За плаќање на школување;
  • За патување и одмор;
  • За други тековни потреби;
  • Или едноставно затоа што имате потреба од пари поради непредвидени плаќања.

Во сите случаи ќе го зголемите Вашиот имот.
Сите тие без разлика дали станува збор за тековни трошоци или реновирање имаат едно заедничко нешто – земање пари на кредит за подобрување на квалитетот на Вашиот стан, куќа или Вашиот живот во целост.

  • Услови на програмата “Хипотекарен кредит”
  • Провизии и надоместоци
  • Услови кои треба да ги исполнува кредитобарателот
  • Неопходни документи
  • Процедура за кандидирање

Износ на кредитот
  • До 6.150.000,00 МКД за денарски кредити.
Номинална каматна стапка;
  • За клиенти со плата преку УНИБанка 6,2% променлива
    Едномесечна стапка за СКИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2017-31.12.2017 = 1,54%) + 4,66 п.п., но не пониска од 6,05%

  • За клиенти без плата преку УНИБанка 6,9% променлива
    Едномесечна стапка за СКИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2017-31.12.2017 = 1,54%) + 5,36 п.п., но не пониска од 6,75%

    (Годишни стапки на вкупни трошоци)
    Метод на пресметка Пропорционален
    Процент на кредитирање со банкарскиот кредит
    • До 75% од вредноста на пазарната проценка на имотот.
    Рок на враќање
    • До 240 месеци со можност за вклучен грејс период до 6 месеци
    Начин на користење на средствата Еднократно по обезбедување на следниот документ од страна на кредитобарателот:

    • Имотен лист со запишана хипотека.
    Начин на плаќање Со цел семејството полесно да ги планира месечните расходи, плаќањето на кредитот се врши во еднакви месечни ануитети. Дозволено е предвремено враќање на дел од главницата или целата главница. При предвремено враќање се одбива каматата и се наплаќа 5% казнен пенал за предвремено враќање.
    Обезбедување
    • Хипотека на недвижен имот
    • Административни забрани за кредитобарателот и кокредитобарател
    Рок на одговор на барањето Во рок од 5 работни дена од доставување на комплетна и уредно потполнета документација
    Осигурување на недвижниот имот Осигурувањето на имотот е на товар на кредитобарателот.
    Проценка на недвижниот имот Само првата година проценката е на терет на кредитокорисникот а секоја наредна година на терет на банката.
    Провизија за разгледување и управување со кредит
    • 1,25% еднократна провизија на одобрениот кредит за клиенти со плата преку УНИБанка
    • 1,50% еднократна провизија на одобрениот кредит за клиенти без плата преку УНИБанка

    • Манипулативни трошоци и разгледување на кредитното барање за клиенти со плата преку УНИБанка:
      - 900 МКД

    • Манипулативни трошоци и разгледување на кредитното барање за клиенти без плата преку УНИБанка:
      - 900 МКД
    Проценка на имотот Според параметрите на недвижниот имот, кредитобарателот ја плаќа проценката на имотот само првата година, секоја наредна год ја плаќа банката.
    Провизија за предвремено враќање
    • без провизија за предвремена отплата од сопствени средства
    • 5% при рефинансирање на кредит од друга банка
    Старосна граница Кредитобарателот треба да е кредитоспособно физичко лице македонски граѓанин на возраст од минимум 18 години до макисимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот.
    Неопходен доход на кредитобарател/ите
    • Месечните ануитети да не поминуваат 1/2 (една половина) од вкупните декларирани приходи на кредитобарателот и ко-кредитобарателите или да биде остварен минимум 20.000,00 денари чист остаток, по одбивање на месечните ануитети од вкупните декларирани месечни приходи, на кредитобарателот и ко-кредитобарателите.
    • Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентите по оценка на Банката.

    Неопходни документи

    1. Документи за финансиска кредитоспособност на клиентите

    • Барање за кредит
    • Лична карта на кредитобарателот/ко-кредитобарателот
    • M-1/M-2, договор за работа на кредитобарателот/ко-кредитобарателот (за приватен сектор).
    • Потврда од работодавателот за остварена нето плата во последните 12 месеци на кредитобарателот/ко-кредитобарателот + заверени образци за месечна пресметка на плата за последните 6-12 месеци за приватен сектор.(рекапитулари)
    • Административни забрани
    • Изјава за поврзани лица
    • Други документи за докажување на приход
    • Договори за други кредитни односи

    2. Документи за имотот

    • Лична карта од сопствениците на имотот
    • Документ за сопственост на имотот кој се става по хипотека (Имотен лист)
    • Потврда од суд за недвижен имот кој не е ставен под хипотека
    • Документ за семејната состојба на сопствениците на имотот, предложен за обезбедување(извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родените). * Не е задолжително при поднесување на барањето но клиентот мора да го има за пред нотар
    • Дополнителни документи по барање на банката.

    Калкулатор за кредити
    Износ на кредитот
    Годишна каматна стапка %
    Број на рати
    Месечна рата
    *Калкулаторот е информативен.
    За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура