Промена на работно време на експозитурите на УНИБанка

УНИБанка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека од понеделник 11.05.2020 година, експозитурите на Банката, ќе продолжат со редовно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00  часот, експозитурата на Плоштад Македонија ќе биде достапна за клиентите од 08:30 до 16:30 часот.

Влезот во експозитурите продолжува да биде ограничен од страна на вработените во експозитурата во групи по 2-5 лица со цел избегнување на редици внатре во експозитурите. Клиентите кои ќе чекаат за влез, препорачуваме да одржуваат растојание 2м еден од друг за што ангажирани се и редарски службеници, како и употреба на заштитни маски за лице.

Банката продолжува со засилен режим на хигиена и одржување на просториите и банкоматите со цел поголема заштита на клиентите и вработените .

Банката ја разбира потребата на своите клиенти брзо и едноставно, само во неколку чекори, да ги извршуваат своите плаќања, било од дома преку компјутер или во движење преку мобилен телефон. Токму, Е-банкарството на УНИБанка го нуди тоа, за клиентите физички лица, услугата е без провизија за електронски налог, како и без месечен надомест за користење до 31-ви Маj 2020 година.

Информации за нашите понуди и услуги се достапни преку веб-страницата на Банката www.unibank.mk, социјалните мрежи и контакт центарот на телефонскиот број 02/ 3286 100  и  02/ 3 111 111

Со почит,
УНИБанка АД Скопје