Станете дел од тимот на УНИБанка

Администратор за мрежа и телекомуникации
во Дирекција Информатичка технологија


Образование:

  • VII - 1 степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии.

Опис на работно место и одговорности:

  • Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
  • Мониторирање на мрежна инфраструктира и мрежен сообраќај;
  • Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips);
  • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
  • Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура;
  • Администрирање и извршување на регуларни резервни копии;
  • Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
  • Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
  • Конфигурирање и администрирање на IP телефонија.

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови; 
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување;
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
  • Претходно работно искуство како мрежен администратор ќе биде земено како предност.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје,  најдоцна до 11.10.2019 година.

Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.