Раководител на експозитура Пробиштип

Станете дел од тимот на УНИБанка

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ПРОБИШТИП


Кандидатот потребно е да ги има следните квaлификации:

  • Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
  • Одлично познавање на пазарните прилики во регионот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
  • Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.

Од кандидатот се очeкува :

  • Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
  • Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
  • Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
  • Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
  • Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 20.10.2019 година.