“УНИБанка” АД Скопjе со промени во раководството

УНИБанка направи промени во оперативното раководство на финансиската институција. По 16 години работа во УНИБанка,  г-н Коста Митровски се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

Раководството на УНИБанка е благодарно за придонесот на г-н Митровски во развојот на банката, за долгогодишната работа во насока на зацврстување и докажување на институцијата како стабилен и сигурен партнер за клиентите и му посакува успех во понатамошните активности.

Работните обврски на г-н Митровски ќе бидат распределени меѓу останатите тројца членови на УО и воедно Извршни директори на УНИБанка – г-н Делчо Крстев, г-н Владислав Хаџидинев и г-ѓа Милка Тодорова.

УНИБанка е една од наjбрзо растечките компании во земјата, со активи од над 330 милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.