Електронското банкарство на УНИБанка

Виртуелна експозитура

Почитувани клиенти

Со задоволство Ве известуваме дека почнувајќи од 04.08.2017 година УНИБанка преминува кон нова посовршена верзија за електронско банкарство со значително зголемени функционалности.

Достапот до новата верзија е преку адреса: https://e-unibanka.mk  со користење на корисничко име и лозинка (види Процес на регистрација).

Корисничкото име и лозинката Ви дава можност да ги следите состојбите и прометот на Вашите сметки, картички, депозити и кредити.

За да можете да вршите плаќања, потребно е да имате Квалификуван електронски потпис издаден на токен од издавач сертифициран за издавање на истите во РМ. Сертификатот ќе го регистрирате самостојно преку Е-УНИБанка. По извршената регистрација потребно е да дојдете во Банката за да го активираме Вашиот сертификат. После активирањето ќе можете непречено да ги вршите Вашите активности преку новото електронско банкарство Е-УНИБанка.

Дополнителни прашања можете да доставете на е-маил e-unibank@unibank.com.mk, на телефон 02/3286 165 или во најблиската Експозитура на Банката, секој работен ден од 8 до 16 часот.

Ви благодариме за Вашето разбирање.

 

Електронско банкарство од секоја точка на светот - 24 часа на ден, 7 дена во неделата

Во зависност од Вашите лични желби и преференции може да изберете:

  • Пасивно банкарство – за правни и физички лица резиденти и нерезиденти
  • Активно банкарство – за правни и физички лица резиденти

Електронското банкарство е сервис преку кој удобно и лесно може да управувате со личните сметки или сметките на компанијата без да доаѓате во банката. Со единствената платформа Е-УНИБанка може да вршите банкарски операции директно од вашиот компјутер со интернет конекција при високо ниво на безбедност.

Услугата пасивно банкарство овозможува:

  • Следење на состојби на трансакциски сметки во денари и девизи, расположливи средства, следење на текот на трансакциите,изводи,промети и слично
  • Следење на состојби на депозити, дебитни и кредитни картички, преглед на кредити
  • Преглед на авторизации направени со картички
  • Следење на курсни листи
  • Месечни извештаи за кредитни картички on line
  • Добивање на изводи од трансакциски сметки и кредитни картички по e-mail
  • Експорт на податоците од изводите во excel, pdf, html со цел полесна обработка на истите
  • Информации за експозитури, банкомати, новости од банката и слично

Услугата активно банкарство овозможува :

  • Плаќања во денари со помали трошоци во однос на хартиените плаќања
  • Плаќања во странска валута
  • Процесирање на налози од фајл
  • Отварање на сметки и депозити
  • Следење на курсни листи
  • Купување и продавање на валута, како и можност за добивање на договорен курс
  • Следење на состојби на трансакциски сметки во денари и девизи, расположливи средства, следење на текот на трансакциите,изводи,промети и слично
  • Следење на состојби на депозити, дебитни и кредитни картички, преглед на кредити
  • Преглед на авторизации направени со картички
  • Месечни извештаи за кредитни картички on line
  • Можност за предвремено затварање на достасан долг по кредитна картичка
  • Добивање на изводи од трансакциски сметки и кредитни картички по e-mail
  • Експорт на податоците од изводите во excel, pdf, html со цел полесна обработка на истите
  • Информации за експозитури, банкомати, новости од банката и слично

Со Мобилната апликација My Unibank, Вашата банка е насекаде со Вас - безбедно и удобно

Мобилна апликација My Unibank

Со Mобилната апликација My Unibank, можете брзо и лесно да ги проверите состојбите на Вашите банкарски сметки и депозити, да вршите плаќања во реално време, да добивате најнови информации за Вашите кредитни и дебитни картички. А ако барате експозитура или банкомат, апликацијата Ве упатува во најблиската и најпогодна за Вас. Сето ова е направено со современ интуитивен дизајн за да биде лесно и удобно за Вас.       

    

Основни функции на мобилната апликација My Unibank:

  • Добивате целосен и детален извештај за Вашите сметки – можете да ја проверете достапноста, износите на примените и платените налози, датумите на реализација и др. Ние се грижиме сите информации да бидат прикажани визуелно со пригодна графика.
  • Можност за плаќања во земјата и странство со само еден клик. Интуитивниот систем за плаќање Ве води од почетокот на операцијата до нејзиното успешно завршување. За плаќањето да го направите уште побрзо и полесно, можете да користите шаблони за најчестите плаќања. Со само еден клик можете да копирате и да го реализирате плаќањето.
  • Секогаш сте информирани за своите депозити - преку апликацијата лесно можете да ја дознаете акумулираната до моментот камата, да го проверите датумот на достасување на депозитот и деновите преостанати до достасување.
  • Управувајте лесно со своите кредитни и дебитни картички - ги следите сите плаќања направени со нив, со какви средства располагате, каков е кредитниот лимит по Вашите кредитни картички и др. Сега можете да ги платите задолженијата по Вашите кредитни картички со само еден клик. Се разбира, сите информации се повторно прикажани графички.
  • Брза информација за експозитурите и банкоматите на УНИБанка преку картата во апликацијата - ориентирајте се лесно кои се нашите најблиски експозитури и банкомати, видете го работното време и контакти, користете и Maps, за да стигнете побрзо до нив. За ваша удобност, достапни се актуелни фотографии од нашите експозитури.
  •  Информации за девизен курс - пратите ги во реално време "курс купува" и "курс продава" на УНИБанка за валутите, со кои работи Банката.
  • Вести – најнови информации за продукти, промоции и воопшто сè што е важно за Вас.
  • Промоции - тука најбрзо за корисниците на апликацијата ќе објавуваме најнови информации за нови продукти и услуги или за актуелни промоции. Следете нè за да бидете информирани пред сите.
  • Можете да изберете приспособувања кои ја прават вашата работа со апликацијата уште поудобна и пријатна. За повеќе информации, проверете го профилот на апликацијата и менито за “Приспособувања”.

Не сме забравиле и на Вашата сигурност

Имате различни опции за да изберете лимити на трансакциите и приспособувања за безбедност, како што се должината на сесијата, политика на потврдување и друго.

Од приспособувањето на апликацијата, можете да одберете:

  • Начин на потпишување на активните операции - плаќањата:
    - сите операции на уредот со Токен;
    - операции до одредени лимити на апликацијата со лозинка.
  • Времетраење на сесијата на апликацијата. Не се препорачува да се користи неразумно долга сесија.

Лимити за плаќања

Нивоата на лимити представуваат максимални износи во висина на кои можете да направите трансакции преку Вашата мобилна апликација без верификација со Токен. По регистрацијата за користење на мобилната апликација My Unibank, автоматски се применува најниското ниво - "Ниво А", откако ќе го регистрира мобилниот уред.

Лимитите на Ниво A:

  • неделен - 4.000 МКД;
  • дневен – 2.000 МКД;
  • по трансакција – 1.000 МКД.

Промена на повисоко ниво е можно со поднесување на "Барање за промена на регистрација во “My Unibank”. Ова може да се направи преку https://e-unibanka.mk од менито "Приспособувања" - "Мобилна апликација My Unibank" или во најблиската експозитура на УНИБанка.

Поддржани оперативни системи:


Апликацијата е достапна за iOS и Android, со задолжителни минимални барања за верзија поставени од Банката.

Во моментов, минималните барања се: Android OS v.4.0 и iOS 7.0

Корисниците на апликацијата можат да бидат:

  • за плаќања (активно банкарство) – физички лица постари од 18 години;
  • за извештаи (пасивно банкарство) – правни лица и физички лица над 18 години;
  • овластени лица на физички и / или правни лица.

Мобилната апликација My Unibank е достапна за бесплатно превземање од каталогот за апликации поддржан од соодветниот оперативен систем (во моментов на Google Play и AppStore).

    За да се користи услугата електронско банкарство мора да бидете клиент на Банката и да се регистрирате како корисник на еден од следниве начини:

    1. On-line регистрација – може да се направи барање за регистрација преку https://e-unibanka.mk, по што е потребно истото да го потврдите во експозитурата на УНИБанка во која што најмногу Ви одговара
    2. Во најблиската експозитура на УНИБанка

    Забелешка: Ако веќе имате постоечко корисничко име, можете да добиете пристап до други регистрации, за кои сте овластено лице, со потпишување на документ во банката.

    Регистрација на сертификат

    За корисниците на активно банкарство, кое подразбира и плаќање, корисникот мора да изврши регистрација на сертификатот преку https://e-unibanka.mk. Регистрирањето се врши за секоја сметка поединечно и истото мора да биде одобрено од страна на банката.