Кредит со залог

КРЕДИТ СО ЗАЛОГ НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

КРЕДИТ СО ЗАЛОГ НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Доколку сакате да ги искористите вашите слободни парични средства, како обезбедување можете да се одлучите за Кредитот со залог на парични средства, кој ќе го добиете по брза и едноставна постапка за 1 ден по обезбедување на потребната документација.

Износ на кредитот

 

  • До 97% од депозитот кој што служи како обезбедување за кредит во денари или евра (при иста валута на депозит и кредит);
  • До 90% од депозитот кој што служи како обезбедување за кредит во долари (при иста валута на депозит и кредит);
  • До 90% од депозитот кој што служи како обезбедување за кредит во денари, евра или долари (при различна валута на депозитот и кредитот).

 

Каматна стапка

  • До 36 месеци рок на кредит - 4 процентни поени над каматната стапка на депозитот, но не поголема од референтна каматна стапка + 8 процентни поени
  • Над 36 месеци рок на кредит – 3,5 процентни поени над каматната стапка на депозитот, но не поголема од референтна каматна стапка + 8 процентни поени

 Референтна каматна стапка за периодот од 01.07.2017г.–31.12.2017г.:
-  за кредит во евра/долари едномесечен EURIBOR: - 0,373%
-  за кредит во денари референтна каматна стапка на НБРМ за благајнички записи: 3,25%


(Годишни стапки на вкупни трошоци)
    Метод на пресметка Пропорционален
    Рок на враќање Усогласен со рокот на депозитот.
    За целиот рок на враќање на кредитот средствата од депозитот се блокирани.
    Обезбедување Договор за залог на парични средства.
    Рок на одговор на барањето Во рамките на еден работен ден по обезбедување на комплетна документација.
    Провизија за управување со кредитот
    • До 36 месеци рок на кредит - 1% еднократна провизија на одобрениот кредит
    • Над 36 месеци рок на кредит - Од 0,75% еднократна провизија на одобрениот кредит
    • 300,00 денари/5,00 евра/6,00 долари - трошок за разгледување за кредити во денари, евра и долари
    Провизија за предвремено враќање 0% на предвреме вратената главница.
    Предоговарање на условите 600,00 денари за промена на услови

    Неопходни документи

     

    • Копија од личната карта на кредитобарателот/залогодавачот.
    • Копија од документот за депонираните парични средства.
    • Барање за одобрување на кредит со залог на парични средства.

     


    Калкулатор за кредити
    Износ на кредитот
    Годишна каматна стапка %
    Број на рати
    Месечна рата
    *Калкулаторот е информативен.
    За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура